Со службена картичка плаќал „дами на ноќта“: Хрватски градоначалник потрошил 1.500 евра во австриски бордел

1 min read

Началникот на општината Муртер на истоимениот хрватски остров, Тони Турчинов, со службената картичка плаќал услуги во австриски бордел, објави порталот Телеграм.хр, повикувајќи се на изводи од картичката.

Во средината на април 2019 година, Турчинов меѓу 1:37 и 3:38 часот наутро, во клубот „Ла Кокот“ во градот Клагенфурт трипати ја употребил општинската платежна картичка: двапати платил износи од по 600 евра и еднаш од 360 евра, вкупно потрошувајќи 1.560 евра на даночните обврзници.

Клубот во меѓувреме е затворен, но порталот пишува дека додека работел, нудел „еротско искуство“ со нон-стоп шоу-програма, а гостите можеле да бираат од 10 до 15 девојки за интимно дружење.

Градоначалникот, по неколку обиди на новинарите да добијат објаснување за потрошените општински пари, изјавил дека направил грешка, односно дека ја помешал службената и приватната картичка, кои биле од иста банка.

„Мојата приватна и службена картичка се од иста банка и во тие вечерни часови дошло до грешка, поради која им се извинувам на моите мештани“, изјавил Турчинов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден од арапските земји ќе бара да го зголемат производството на нафта за да ѝ се нанесе удар на Русија

Следно

Хасани: Нè чекаат уште 90 минути до пласман во второто коло во Лигата на конференции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian