Синот на славниот писател го промени полот: Тој во светот влегува како прекрасна жена

3 mins read

Халед Хосеини, авганистанско-американски романсиер, автор на едни од најпознатите и најпопуларните книги во светот „Ловец на змејови“ и „Илјада неверојатни сонца“, објави на своите социјални мрежи Инстаграм и Твитер дека неговата ќерка Харис станала трансродова личност.

Во трогателната објава која се состои од две црно-бели фотографии, едната снимена откако Харис го завршила процесот на транзиција, а другата додека била дете во скутот на нејзиниот татко, Халед и напиша емотивна порака на својата ќерка, нагласувајќи дека тој е многу горд на неа. Не изостанаа реакциите и коментарите – а како можеа? Луѓето беа особено разнежнети од фактот што Хосеини, кој по потекло е Авганистанец од Кабул и потекнува од конзервативна средина.

„Вчера, мојата 21-годишна ќерка Харис излезе пред светот како трансродова личност. За патувањето на Харис знам од минатата година и ја гледав како поминува низ некои многу тешки времиња. Транзицијата е толку комплициран потфат – емоционално, физички, социјално, психолошки – но Харис со секој предизвик се соочи со благодат, трпение и мудрост“.

„Воодушевен сум што сега имам не само една, туку две прекрасни ќерки“.

Хосеини е татко на Харис и ќерка по име Фара, која ја има со сопругата Роја Хосеини.

„Најмногу ме инспирира бестрашноста на Харис, нејзината храброст да го сподели своето вистинско јас со светот. Таа ме научи мене и нашето семејство толку многу за храброста, за вистината. За тоа што значи да се живее автентично. Знам дека овој процес беше болен за неа, преполн со тага и вознемиреност. Таа е свесна за суровоста што трансродовите луѓе ја доживуваат секојдневно. Но, таа е силна и бестрашна“, се вели во објавата.

На крајот, романсиерот посебно истакнал дека ја сака својата ќерка.

„Ќе бидам со неа на секој чекор од патот, како и целото наше семејство. Стоиме зад неа. Привилегија е да ја гледам како влегува во светот како убава, мудра и брилијантна жена каква што е. Господ да ја благослови“.

Неговите следбеници во коментарите го пофалија семејството што го прифатиле патувањето на Харис и биле тука за неа на секој чекор од транзицијата.

„Таа е толку среќна што има таков прекрасен татко“, напишала една личност.

„Сите родители треба да имаат ваков став во врска со своите деца! Ви благодарам“, додал друг.

„Прекрасна ќерка! Ова е патување за целото семејство. Мило ми е што гледам колку ја поддржуваш. Среќна е што Ве има за татко“, пишувало во коментарот, а многумина се согласиле дека сега имаат „уште повеќе причини да го сакаат Хосеини“.

Фото: Профимедиа

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Страшен пожар во Далмација, евакуирано населението, војници им помагаат на пожарникарите

Следно

Потрагата по Мартин продолжува и утре, шест дена по исчезнувањето на Халкидики

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian