Рецепт за македонска погача со сирење, а без квасец

1 min read

Популарната македонска погача без квасец наликува на проја, бидејќи содржи и сирење. А, поради киселото млеко што се додава во смесата ќе биде исклучително мекa. Доколку сè уште не сте ја пробале, сега е вистинското време, бидејќи нема да ви треба многу време за подготовка.

Нема потреба да купувате погача во пекарница, бидејќи лесно можете да ја направите дома и тоа без квасец.

Состојки:

– 4 јајца
– 300 г брашно
– 1 прашок за печиво
– сол
– 70 мл масло
– 250 г сирење
– 200 г кисело млеко

Подготовка:

Јајцата се матат, се додава брашното со прашокот за печиво, солта, маслото, сирењето, киселото млеко. Сè добро изедначете.

Обложете го плехот со хартија за печење, сипете ја смесата и израмнете.

Погачата се пече на 200 степени околу 50 минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФИБА: Обрнете внимание на Митревски на Европското првенство во Тбилиси

Следно

Ковачевски: Протоколот се работи на база на реципроцитет

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian