Прајс: САД го охрабруваат дијалогот за формирање нова бугарска влада

1 min read

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс во коментар за БНР изјави дека Вашингтон го охрабрува дијалогот за формирање нова бугарска влада.

Прајс наведе дека формирањето на бугарската влада е очигледно внатрешно политичко прашање, но Вашингтон е секогаш на страната на дијалогот.

Прајс посочи дека Бугарија во следните месеци ќе мора да продолжи да се справува со голем број предизвици, што стануваат се поголеми поради руската војна во Украина.

Портпаролот на Стејт департментот ги наведе областите кои се во фокусот на вниманието на Вашингтон во однос на Бугарија: законодавната рамка за планот за опоравување и отпорност на ЕУ, плановите за приклучување кон еврозоната, модернизацијата на вооружените сили на Бугарија, енергетската безбедност и понатамошно зајакнување на владеењето на правото во земјата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уставниот суд укина дискриминаторска одредба за помош за новороденчиња во Ѓорче Петров

Следно

ВИДЕО, Саинц: Го видов пожарот, никој не дојде побрзо да ми помогне

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian