Потрагата по Мартин продолжува и утре, шест дена по исчезнувањето на Халкидики

1 min read

Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот државјанин Мартин Јовановски во Грција продолжува и утре, шести ден откако тој исчезна од плажа на Халкидики.

Како и досега, во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население.

– Нашите претставништва остануваат во постојан контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатото момче, и секоја нова информација навремено ќе биде пренесена, информираа од Министерството за надворешни работи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Синот на славниот писател го промени полот: Тој во светот влегува како прекрасна жена

Следно

Постигнат договор во преговорите во Истанбул за деблокирање на извозот на украинско жито

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian