Постигнат договор во преговорите во Истанбул за деблокирање на извозот на украинско жито

1 min read

Турција соопшти дека на разговорите во Истанбул денеска е постигнат договор за деблокирање на извозот на украинско жито.

– Русија, Украина, Турција и Обединетите нации се согласија да формираат центар за координација за да се обезбедат безбедни рути, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар во соопштение.

Тој истакна дека страните се договориле и за заеднички инспекции на извезеното жито и пристаништата.

Акар најави дека договорот ќе биде потпишан следната недела, кога сите учесници во денешните разговори повторно ќе се сретнат во Турција.

Целта е да се обнови извозот на украинското жито од Одеса во време кога глобалната криза со храна се влошува поради војната во Украина. Поранешната советска република е голем светски извозник, а Русија воведе блокада на нејзиниот брег на Црното Море.

– Постигнати се договори за голем број важни аспекти, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој изрази надеж дека следните чекори ќе овозможат да се склучи формален договор.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Потрагата по Мартин продолжува и утре, шест дена по исчезнувањето на Халкидики

Следно

Рама во Брисел на Столтенберг му го претстави проектот за поморска база на НАТО во Драч

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian