По децении, една улица од Волково конечно ќе добие асфалт

1 min read

Градежните работи продолжуваат во Волково. Ова го соопшти градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски при денешната средба со жителите на кракот од главната улица што води до самата пруга.

-Улицата е доста фреквентна и со возила, но ја користат и многу пешаци. Задоволство кај мештаните е најважно, со овој проект се решава децениски проблем, бидејќи оваа е една од најстарите улици во овој дел на Општината, рече Стојкоски. 

Денес се изведуваат припремните активности, а веќе од утре ќе се постави и асфалт на коловозот, информираше тој упатувајќи благодарност до екипата на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје кои со голема динамика ја вршат изведбата на предвидените коловози. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Груби: Европскиот предлог не ги загрозува македонскиот јазик и идентитет

Следно

Хрватската влада планира да му ги одземе на Милановиќ правата кои ги има како врховен командант на армијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian