Николовски паднал од велосипед: Ја скршив раката, но утре им се враќам на работните обврски

1 min read

„Кај нашиот народ обично се вели “крши нога” за среќа и успех. Вчера попладне, спортувајќи, по пад од велосипедот имам скршеница на раката“, објави министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

„За среќа, повредата не е сериозна и веќе утре им се враќам на работните обврски. Благодарност до лекарскиот тим и сите кои се грижите за мене. Благодарност и до отец Дејан Апостоловски и неговата сопруга, кој беа во моментот на мојата несреќа и ми помогнаа“, напиша министерот на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мачката Лили има 23 години, нејзиниот сопственик вели: Не е подготвена да ме остави

Следно

Бајден од арапските земји ќе бара да го зголемат производството на нафта за да ѝ се нанесе удар на Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian