Наполи подготвен да го продаде Кулибали за 40 милиони евра

1 min read

Како што пренесуваат медиумите во Италија и Англија, дефанзивецот на Наполи се очекува да се пресели во Челси. Лондонските „сини“ се подготвени да го купат Калиду Кулибали за 40 милиони евра, а се верува дека сите формалности околу трансферот би требало да бидат завршени во следните 24 часа.

На централниот бек ќе му биде понуден договор на пет години според кој би заработувал околу 190.000 евраа неделно плус бонуси.

Сенегалскиот репрезентативец беше на „мета“ на бројни клубови, помеѓу нив и Јувентус, кој би можел да биде во незгодна позиција доколку го продаде Матијс де Лихт на Баерн.

Јасно е зошто „наполитанците“ не сакаат да го продадат Кулибали на Јуве, кој го гледа како директен ривал Скудетото и останатите трофеи.

Инаку, во последните денови чести се средбите на претставници на Челси и Наполи, па трансферот е во завршна фаза. Интересно е што Наполи со години одбиваше да го продаде Кулибали за чии услуги бараше и до 100 милиони евра.

Кулибали има уште една година од договорот со Наполи кој вчеравечер пред навивачите го одржа првиот отворен тренинг за ова лето, но Сенегалецот не беше присутен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Детали за пожарот во атинското радио и весник, пронајдени три плински боци залепени меѓу катовите

Следно

Испливаа шокантни фотографии: Проблематичниот син на Бајден навалил на дрога среде програма за детоксикација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian