Во многу важниот натпревар за пласман во четвртфиналната фаза, женската кошаркарска репрезентација на Македонија „Под 20 години“ денеска ја победи Романија (55:53) и сега чекаме пораз на Хрватска.
Најефикасна во нашата селекција беше Селцова со 12 поени (пет скокови), додека Атанасовска имаше 10 поени (пет скокови).
На спротивната страна 14 поени (по четири скокови и асистенции) имаше Мазилу, а по 10 коша запишаа Петроф и Кроитору (15 скокови).
Тоа е втор триумф во четири одиграни натпревари во групата „Ц“ во која вториот патник за четвртфиналето ќе го даде дуелот помеѓу селекциите на Црна Гора и на Хрватска.
Победа на Црна Гора, или пораз на Хрватска, ќе значи пласман на нашите кошаркарки во најдобрите осум на Европското првенство „Дивизија Б“ во Скопје.