Мачката Лили има 23 години, нејзиниот сопственик вели: Не е подготвена да ме остави

1 min read

Мачката Лили или попознта како кралицата Лили, како што ја нарекува нејзиниот сопственик, го прослави својот 23 роденден во март оваа година.

Лили има свој профил на „Инстаграм“ на кој ја следат над 100.000 луѓе, а нејзината сопственичка Рис често објавува смешни видеа.

Неодамна таа објави видео од „својата кралица“ како шета низ дворот, а во описот додаде и новост за нејзиното здравје – и покрај нејзината возраст и некои болести кои ја придружуваат, прогнозата на ветеринарот била дека Лили ќе живее уште речиси две години.

„Таа сè уште не е подготвена да ме остави“, пишува Рис.

Рис го нарекува своето сакано милениче „кралица“ и така се однесува со неа. Тој неодамна се пошегува на својот профил, објавувајќи видео во кое наведе четири причини зошто е сингл: „Опседнат сум со мојата мачка, мојата мачка е целиот мој свет, никој не може да се спореди со мојата мачка, таа е мојата кралица“.

Кралицата Лили е со својот сопственик од нејзиното раѓање, а тој тврди дека од првиот ден нивната врска била неверојатна.

„Таа е мојот најдобар пријател“, вели Рис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Несторовски ја најави победата на Удинезе против австрискиот Лиенц

Следно

Николовски паднал од велосипед: Ја скршив раката, но утре им се враќам на работните обврски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian