„Кентаур“ забрзано се шири: Новата подваријанта на коронавирусот ги загрижува вирусолозите

4 mins read

Вирусолозите изразија загриженост за појавата на уште една варијанта на омикрон која забрзано се шири и ја погодува Индија, а веќе пристигна и во Велика Британија.

Варијантата БA.2.75 на коронавирусот, која ја нарекоа „Кентаур“, првпат беше откриена во Индија на почетокот на мај. Овде, случаите оттогаш нагло се зголемија, очигледно побрзо од оние на високо преносливата варијанта БA.5, која исто така е присутна во Индија и брзо ја заменува претходно доминантната варијанта БA.2 во многу земји.

БA.2.75 е откриен и во околу 10 други земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Австралија, Германија и Канада.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) го означи новиот сој како „варијанта под надзор“ на 7 јули, што значи дека постојат некои индикации дека би можело побрзо да се пренесува или да биде поврзан со потешки форми на болеста, пишува „Гардијан“.

Покрај очигледниот брз пораст на бројот на заразени и широкиот географски простор на кој е распространета, вирусолозите се загрижени поради огромниот број на дополнителни мутации коишто БA.2.75 ги содржи во споредба со претходниот вид БA.2, од кој најверојатно еволуирал.

„Ова би можело да значи дека имал можност да развие предност во однос на веќе успешната варијанта на вирусот“, рекол д-р Стивен Грифин, вирусолог од Универзитетот во Лидс.

„Не се работи толку за точните мутации, туку за бројот, односно за комбинациите“, рекол д-р Том Пикок, вирусолот од Кралскиот колеџ во Лондон, кој првпат го идентификуваше омикрон како потенцијална опаснотс уште во ноември 2021 година.

„Тешко е да се предвиди ефектот на толку голем број мутации што се појавуваат заедно – тоа му дава на вирусот малку својство на „дива карта“ каде збирот на делови би можел да биде полош од деловите поединечно“, истакнува Пикок.

Тој напоменува дека тоа е дефинитивен потенцијален кандидат за она што доаѓа по БА.5.

„Ако тоа не успее, веројатно ќе ни се случи следно, односно „варијанта на варијанти““, навел тој.

Дури и ако не се појави во други земји, нејзиниот раст во Индија сугерира дека најверојатно ќе биде проблем таму, во најмала рака, рекол Пикок.

„Очигледно е дека расте доста во Индија, но Индија нема многу случаи на БA.5 и сè уште е нејасно колку е тоа добар“, рекол тој.

Грифин го истакна ова како уште еден пример за импресивната способност на вирусот да ги толерира промените во својот „спајк“ протеин – делот што го користи за инфицирање на клетките и на кој се базираат повеќето вакцини против коронавирусот.

„Во ова време минатата година, многумина беа убедени дека сојот делта  претставува врв на еволуцијата на вирусот, но појавата на омикрон и огромното зголемување на варијабилноста и избегнувањето на антителата е знак дека како популација не можеме да го следиме планот сличен на грип за да го задржиме чекорот со еволуцијата на вирусот“, рекол Грифин.

Европските агенции за здравство и медицина објавија препораки за т. н. втора бустер доза, односно четвртата вакцина против коронавирусот, со акцент на ранливите групи и лицата постари од 60 години.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на случаи на коронавирус во поголемиот дел од Европа драстично се зголемува од крајот на мај.

Подваријантите на омикрон се шират низ Велика Британија

Ноќното потење симптом на новата варијанта на омикрон

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поп Арсова ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика

Следно

ВИДЕО | Османи: Протоколот ќе го објавиме пред да биде потпишан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian