Иванишевиќ: Ник Кирјос е тениски гениј

1 min read

Тренерот на Ѓоковиќ смета дека Австралиецот има таков арсенал изненадувачки потези што невозможно е да се предвиди како ќе игра и кој потег ќе направи

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, го опиша Ник Кирјос како тениски гениј и призна дека било исклучително тешко да се направи план за игра за финалето на Вимблдон.

Во финалето на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го изгуби првиот сет, но успеа да напраави пресврт и да го победи Кирјос со 4-6 6-3 6-4 7-6 (3).

Кирјос сервираше исклучително во текот на целото финале на Вимблдон, но Ѓоковиќ – кој се смета за најдобар ретернер во светот – сепак најде начин двапати да му направи брејк на Австралиецот.

– Не можете да се подготвите за натпревар против Ник Кирјос. Тој е гениј, тениски гениј. Тој ни самиот не знае кој ќе му биде следниот потег во поенот. Само се концентриравме на она што требаше да го направи Новак, на работите на кои требаше да биде внимателен. Кога некој сервира како Ник Кирјос, според мене најдобриот сервер во овој спорт, неверојатен тенисер, се е многу непредвидливо – вели Иванишевиќ.

На Вимблдон Ѓоковиќ го изигра своето 31. грен-слем финале и го освои 21. трофеј од највредните турнири.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дендиас: Турската провокација секој ден зазема нови димензии

Следно

ФОТО | Семејството на Борко Ристовски се проширува: Ракометарот по вторпат ќе стане татко

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian