Наводната снимка од озлогласениот лаптоп на Хантер Бајден покажува како тој пуши дрога (крак) и пие гол за време на програма за детоксикација само неколку недели откако неговиот татко му дал илјадници долари за програмата.

Проблематичниот син на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден (52), се чини дека се снимал себеси во сега веќе непостоечкиот „Blue Water Wellness“ во Њуберипорт, Масачусетс на 30 јануари 2019 година, според текстуалните пораки кои ги прегледа „Дејли мејл“.
Хантер Бајден се пожалил за своите финансиски проблеми, вклучително и за алиментацијата, рехабилитацијата и школарината за своите деца, во СМС-порака до својот татко од 5 декември 2018 година.
Џо Бајден, кој неколку месеци подоцна ја прогласи својата претседателска кандидатура, следниот ден на својот син му испратил порака, велејќи: „Денеска се испратени 75“.
Џо Бајден, на 2 јануари, 2019 година, му рекол на Хантер дека некому ќе испрати 20.000 долари на неговата банкарска сметка, за тримесечна програма за детоксикација во Њујорк.
Меѓутоа, подоцна истиот месец Хантер Бајден наместо тоа го посетил велнес центарот во Масачусетс, покажува видеото.
Hunter Biden is seen filming himself smoking drugs and fondling himself inside a sensory deprivation tank – during a detox program funded by his dad Joe https://t.co/FAEtd5mGO1
— Daily Mail Online (@MailOnline) July 7, 2022
Видеоснимката направена со мобилен телефон, пронајдена во неговиот лаптоп, го прикажува Хантер Бајден како лебди во резервоар со сензорна депривација, пуши и пие.
Отприлика во исто време во јануари 2019 година, Хантер Бајден ѝ испратил порака на жена на руска емаил адреса за да испрати пари без да предизвика сомневање во банката, според доказите со СМС-пораките кои ги собрал Конгресот.
ВИДЕО| Скандал мајсторот Хантер Бајден: Сите сомнителни бизниси на синот на претседателот на САД
ВИДЕО| Скандал мајсторот Хантер Бајден: Сите сомнителни бизниси на синот на претседателот на САД