Хрватската влада планира да му ги одземе на Милановиќ правата кои ги има како врховен командант на армијата

1 min read

Владата на премиерот Андреј Пленковиќ има намера да му ги одземе овластувањата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ како врховен командант на вооружените сили, објави „Јутарњи лист“.

Загрепскиот весник наведува дека Министерството за одбрана наскоро на јавна расправа ќе испрати предлог за измени на три клучни закони со кои, меѓу другото, ќе се предвиди армијата во мирно време да ја командува министерот за одбрана и дека претседателот повеќе не може да пензионира генерали.

Предвидено се измени на Законот за одбрана, на Законот за служба во вооружените сили и на Законот за правата од пензиското осигурување на воениот персонал, полициските службеници и овластените службени лица.

Според информациите на „Јутарњи лист“, Владата ќе ги изгласа овие законски измени во текот на есента.

Весникот посочува дека овие предложени измени ќе доведат до нова жестока конфронтација меѓу претседателот Милановиќ, премиерот Пленковиќ и министерот за одбрана Марио Баножиќ.

Во мај Пленковиќ и Баножиќ најавија измени на Законот за одбрана, со што ќе се реши, како што тогаш се наведуваше, „нејасноста на одредени членови”. Според „Јутарњи,лист” се алудираше на член 70 од Законот за одбрана, со што попрецизно би се дефинирал командата и контролата на вооружените сили и јасно би било наведено дека во мир началникот на Главниот штаб прима наредби и други решенија од министерот за одбрана и е одговорен за нивното спроведување.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По децении, една улица од Волково конечно ќе добие асфалт

Следно

ЦСКА Софија со полиција доаѓа во Скопје за натпреварот против Македонија ЃП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian