Хеликоптер со четиричлен екипаж, кој учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, а засега се спасени двајца од екипажот, јави Катимерини.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека станува збор за хеликоптер од типот ER-MHY (Mi-8 MTV-1) кои тие го изнајмиле да помага во пожарот, а од членовите на екипажот тројца се странски државјани и еден Грк.
Тие додаваат дека во спасувачката акција, што е во тек, спасени се двајца членови на екипажот.
Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека се трага по останатите членови на екипажот.
Според грчката телевизија ЕРТ, хеликоптерот паднал од мала височина, односно кусо откако наполнил вода од морето и во моментите кога почнал да се оддалечува од површината.