Хасани: Нè чекаат уште 90 минути до пласман во второто коло во Лигата на конференции

1 min read

Шкендија в четврток (17.00 часот) во Ереван против Арарат ќе ја брани предноста од 2:0 од првиот натпревар во Скопје во првото квалификациско коло од Лигата на конференции.

Тетовските „црвено-црни“ предводени од тренерот Артим Шаќири се свесни дека ништо не е готово во двомечот со Ерменците.

Победникот во следната квалификациска рунда ќе ги одмери силите против летонската екипа на Валмиера.

– По добрата игра и позитивниот резултат од првиот натпревар, сега нè чекаат уште 90 минути. Ќе влеземе во мечот за да извлечеме што попозитивен резултат. Го анализиравме првиот дуел и верувам дека со максимална посветеност на зелениот терен ќе успееме да се пласираме во следната рунда – вели фудбалерот на Шкендија, Ферхан Хасани.

Главен судија на реваншот во ерменскиот главен град е Олексиј Деревински од Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Со службена картичка плаќал „дами на ноќта“: Хрватски градоначалник потрошил 1.500 евра во австриски бордел

Следно

ДОМ нема да го поддржи францускиот предлог, одлучи вечерва централниот одбор на партијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian