Гласање во Собранието за францускиот предлог со предвидлив исход

3 mins read

СДСМ денеска ги повика пратениците од сите пратенички групи имаат одговорност пред граѓаните, наместо со блокади и деструкции, преку аргументи и конструктивност да дадат придонес при усвојувањето на заклучоците околу предлогот на француското претседателство.

-Преку заклучоците, дополнително ќе се обврзе Владата актуелната но и секој идна Влада, да ги зачува црвените линии во согласност со Декларацијата донесена во Собранието,а тоа е зачувувањето на македонскиот јазик, без фусноти, додавки како и македонскиот идентитет и посебноста на државата кои не смеат да бидат дел од преговарачката рамка. Членството во Европската унија е стратешка цел на државата, пратениците во Собранието преку усвојувањето на заклучоците имаат шанса пред целата домашна и меѓународна јавност да докажат дали се навистина за интеграција во ЕУ или побитно им е да одработуваат за нечии туѓи интереси, соопштија од СДСМ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека нема да го поддржи францускиот предлог.

-Власта преку Собранието сака да носи веќе донесена одлука, браната за Уставните измени е ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски ги тера пратениците од СДСМ и помалите партии од коалицијата да гласаат за предлогот во Собрание, затоа што сака да сподели одговорност со пратениците кои ги гледа само како гласачка машина. Тоа што власта го става предлогот на дневен ред во Собрание е само театар. Ковачевски, СДСМ и ДУИ немаат 2/3 мнозинство и нема да имаат. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Уставни промени. Овој предлог на Ковачевски е на штета на Македонските интереси, и затоа тој треба да биде отфрлен, а не да се тераат пратениците од власта на сила да го гласаат, соопштија од ВМРО -ДПМНЕ.

Од најголемата опозициска партија додаваат дека СДСМ треба да знае дека што и да прават Уставот не може да го сменат.

– ВМРО-ДПМНЕ е на линија на националните интереси и нема да дозволи бугаризација по рецептот на Ковачевски, децидна се од ВМРО-ДПМНЕ.

Очекувањата се дека освен владејачките СДСМ, ДУИ, Алтернатива и ДПА, предлогот ќе го поддржат и опозициските партии од албанскиот политички блок – Алијанса за Албанците и БЕСА, но копјата ќе се кршат околу отворањето на Уставот и евентуално гласање на уставни измени со кои Бугарите би биле вметнати во Преамбулата на највисокиот акт во државата.

Станува збор за 70 пратеници од власта и од опозицијата за кои е извесно дека ќе го поддржат францускиот предлог. Неизвесно е како ќе се изјаснат четворцата пратеници од владејачките ДОМ, ЛДП и ДС на Павле Трајанов за кои е спорно дека во документите кои владата ги прати до Собранието го нема билатерланиот протокол и кои како што веќе се изјаснија, бараа промена во преговарачката рамка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Испливаа шокантни фотографии: Проблематичниот син на Бајден навалил на дрога среде програма за детоксикација

Следно

Овие делови на општина Аеродром утре ќе бидат без струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian