ФИБА: Обрнете внимание на Митревски на Европското првенство во Тбилиси

1 min read

Младинската селекција на Македонија ја очекува настапот на Европското првенство „Б“ дивизија (15-24 јули 2022 год.) кое за неколку дена стартува во Грузија.

Младите македонски кошаркарки се во групата „Б“ со Шведска, Австрија, Косово и Грузија.

Во пресрет на шампионатот, светската кошаркарска куќа (ФИБА) му направи голема чест на еден од нашите репрезентативци. Станува збор за Андреј Митревски, кого го вклучи помеѓу осум кошаркари на кои треба да се обрне внимание.

– Митревски е професионален реализатор. На М16 Европското првенство во 2019 година беше втор стрелец со просек од 19 поени по натпревар. И покрај тоа што е млад, тој веќе е стандарден првотимец, стартер (и капитен н.з.) во својот тим во македонското првенство каде постигнува по 13,7 поени со што е на 31 место на листата на стрелците во шампионатот. Со неговите офанзивни способности, се очекува Митревски да биде еден од лидерите на македонската репрезентација која ќе се бори за првиот пласман во ТОП 10 во оваа конкуренција по 2015 година – се вели во анализата на ФИБА.

Според системот за натпреварување, двете првопласирани селекции од четирите групи, обезбедуваат пласман во четвртфиналето. А најдобрите три на шампионатот ќе имаат место во „А“ Дивизијата за наредната година.

Селекторот Никола Василев го одреди конечниот список на играчи на кои ќе смета на ЕП:

– Марин Петков, Марко Миловановиќ, Андреј Андоноски, Павел Данаиловски, Гоце Петрушевски, Лука Савиќевиќ, Филип Наков, Андреј Митревски, Амар Хот, Тодор Златев, Никола Василевски, Никола Младеновски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тирана и Белград најскапи, Приштина најевтина во регионот

Следно

Рецепт за македонска погача со сирење, а без квасец

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian