ДОМ нема да го поддржи францускиот предлог, одлучи вечерва централниот одбор на партијата

1 min read

На вечерашната седница, Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ, се вели во партиското соопштение.

Од партијата, која е дел од владејачката коалиција, велат дека остануваат доследни на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми, не треба да бидат дел од преговарачкиот процес со ЕУ.

Во исто време, од ДОМ додаваат дека остануваат доследни и на остварувањето на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности.

„Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина. ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување“, се вели во соопштението

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хасани: Нè чекаат уште 90 минути до пласман во второто коло во Лигата на конференции

Следно

ВИДЕО: Жени се степаа во морето, летаа шамари и боксови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian