29-годишен скопјанец бил физички нападнат, а потоа со остар предмет му бил уништен автомобилот и домашната влезна врата

1 min read

Вчера, скопјанец бил физички нападнат на работното место од четири лица. 

Во извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР) се наведува дека на 12.07.2022 околу 18.00 часот во СВР Скопје, У.О.(29) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на неговото работно место, во отпад во Скопје, четири лица се обиделе физички да го нападнат, но откако не успеале, со остри и метални предмети ја оштетиле канцеларијата на управителот. 

Според пријавеното, после тоа лицата го пресретнале и со остар предмет го оштетиле неговото возило, а потоа ја оштетиле и влезната врата од неговата куќа. 

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Тесна трка за телевизиските награди „Еми“: „Succession“ во конкуренција со „Squid Game“

Следно

Поп Арсова ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian