ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претпладне многу топло, попладне нестабилно со пороен дожд

1 min read

Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

УХМР прогнозира многу топло време во наредните денови. Поради влијание на циклонска активност од исток, во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со град и силен ветер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 3 јули: Незадоволни сте од развојот на емотивната ситуација

Следно

Претпладне многу топло, попладне нестабилно со пороен дожд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian