ВИДЕО: Голем инцидент на трката за Големата награда на Британија

1 min read

Тотален хаос на стартот на Големата награда на Британија во Силверстоун. На почетокот од Формула 1 трката се случи судир во кој учествуваа повеќе болиди. Трката беше прекината и стартот ќе се повтори.

Најмногу настрада кинескиот возач Жу Гуанју, кој вози за „Алфа Ромео“ најмногу настрада. Тој беше изнесен на носилки, а неговиот тим известува дека не е тешко повреден.

Кинезот се судрил со Џорџ Расел од „Мерцедес“, болидот на Жу заврши дури непосредно пред една од трибините каде што се наоѓаа гледачите.

Жу беше заглавен во болидот, по што мораа да реагираат организаторите, лекарите и техничарите.

Во тој судир Расел се откажа, додека болидите на Албон, Окон и Цунода беа оштетени. автомобилите. Трката е прекината и се чека нејзиното продолжение.

Да потсетиме, првото место во квалификациите го обезбеди возачот на Ферари, Карлос Саинс, негова прва пол-позиција кариерата, додека второто место му припадна на актуелниот шампион Макс Ферстапен. Трето и четврто време во квалификациите остварија Шарл Леклер и Серхио Перез, останатите возачи на „Ферари“ и „Ред Бул Рејсинг“.

ВИДЕО: Трка во Формула 2 донесе страшна несреќа која можеше да заврши трагично

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски за Апасиев: Штом ми пцуе починат родител, мора да е нашмркан или да му фали нешто

Следно

Популарното грчко летувалиште Пефкохори против арогантните туристи: За ова ќе плаќате казна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian