Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел од новото пристаниште Порто Романо во Драч ќе биде база на НАТО.
Рама тоа го кажа по враќањето од самитот на НАТО одржан во Мадрид.
Пристаништето Порто Романо е планирано да биде најголемото трговско пристаниште на Јадранското Море, но Рама кажа дека ќе има и воен дел.
„Наскоро се враќаме во Брисел за да ги продолжиме разговорите за нашиот предлог за формирање поморска воена база на НАТО во новото пристаниште во Драч“, кажа Рама, а пренесуваат албанските медиуми.
Тој додаде дека воената база ќе ја градат и кофинансираат Албанија и НАТО.