Популарното грчко летувалиште Пефкохори против арогантните туристи: За ова ќе плаќате казна

1 min read

Оставањето лични реквизите за на плажа, вклучувајќи чадорите за сонце, крпите и лежалките, а сè со цел чување место на плажата, дури и кога не престојуваат на неа, стана вистински непријатен тренд којшто се шири, како на Јадранското крајбрежје, така и на плажите во Грција.

Овојпат месната заедница на едно грчко летувалиште кое им е омилено и на Македонците, одлучила да застане на патот на ваквото арогантно однесување на туристите.

На фејсбук-страницата на грчкото гратче Пефкохори, едно од најпопуларните летувалишта на Халкидики, завчера било објавено известување во кое се наведува дека е забрането оставање лични работи на плажа поради „резервација“.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

„Забрането е оставање лични работи на плажите преку ноќта, рано наутро со цел резервирање на места за сончање. Во спротивно истите ќе бидат одземени од страна на комуналните редари и ќе бидат вратени само по плаќање на казните“, пишува во соопштението.

Во објавата, на чија автентичност се повикува и грчкиот портал „Voria“, не е наведена колкава казна е пропишана за оставање лични работи за плажа за уживање.

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Голем инцидент на трката за Големата награда на Британија

Следно

Голема суша во Италија, реката По речиси пресуши

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian