Почна средбата Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратениците

1 min read

Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Средбата е дел од низата планирани консултативни средби на Ковачевски со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство. Премиерот веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.

Се очекува, по завршувањето на денешната средба, Ковачевски и Мицкоски да дадат изјави за медиумите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шокантни обвинувања на Миша Гроф: Николина го уби син ми, ако проговорам, ќе оди во затвор!

Следно

Германија се подготвува за нов пандемиски бран наесен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian