Пендаровски за Апасиев: Штом ми пцуе починат родител, мора да е нашмркан или да му фали нешто

1 min read

Претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Советот за безбедност, го искоментира и пратеникот Димитар Апасиев од Левица кој завчера, јавно на Фејсбук го опцу шефот на државата со зборовите „Пи*ка ти матер“.

Тој тип да ми пцуе починат родител, да ми пцуе гроб на родител, мојата мајка е почината пред десет години, треба или да е нашмркан или да му фали нешто, да не е со сите, изјави претседателот, Пендаровски.

Тој го нарече Апасиев психопат, гнида.

– Ако имаше нешто меѓу нозе ќе ме испцуеше во лице, а не да се крие зад тастатурата. Преку глава ми е такви големи македонски мажиња, рече Пендаровски.

ВИДЕО: Изјава на претседателот Пендаровски по седницата на Советот за безбедност

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откажан концертот на „Вајтснејк“ во Скопје, поради здравствени причини на членовите на бендот

Следно

ВИДЕО: Голем инцидент на трката за Големата награда на Британија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian