Откажан концертот на „Вајтснејк“ во Скопје, поради здравствени причини на членовите на бендот

1 min read

Концертот на легендарната хард рок група „Вајтснејк“ (Whitesnake) кој требаше да се одржи на 12 јули во Скопје и официјално е откажан поради болест на членовите на бендот.

„Со најдлабоко жалење морам да соопштам дека, поради нарушено здравје и по наредба на лекар, „Вајтснејк“ не можат да ја продолжат својата проштална европска турнеја. Мое најискрено извинување до сите фанови кои се радуваа на преостанатите датуми. Сите наши „змии“ и персоналот на турнејата, кои работеа толку напорно за да се одржат овие концерти, како и промоторите и другите професионалци кои ја организираа турнејата, ве сакам и ценам“, соопштил фронтменот Дејвид Ковердејл.

Поради здравствени причини, покрај претходно откажаните четири концерта, бендот го откажа и остатокот oд европската турнеја во кој од седум концерта, три требаше да бидат во организација на „Авалон продукција“ – Скопје, Белград и Сарајево.

– За сега, немаме информација дали концертите ќе имаaт нов термин и поради тоа ќе вршиме целосна рефундација на средствата – соопштија од „Авалон“. Повеќе информации и детали за процесот на рефундација ќе бидат објавени наскоро на социјалните мрежи на „Авалон“.

„Авалон продукција“ им се извинува на сите фанови и им се заблагодарува за поддршката во овие тешки моменти каде што се апсолутно немоќни бидејќи здравјето на Дејвид Ковердејл и членовите на бендот е на прво место.

*Комерцијална објава

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Таеквондистот Георгиевски е полуфиналист по победата над Египќанецот Мохамед

Следно

Пендаровски за Апасиев: Штом ми пцуе починат родител, мора да е нашмркан или да му фали нешто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian