Крај на трагичната потрага: Телата на трите деца и нивната мајка пронајдени во езеро во Минесота, постојат сомнежи дека ова е повеќекратно убиство

1 min read

Телата на трите деца и жената, за која се верува дека е нивна мајка, се пронајдени во езеро во американската сојузна држава Минесота.

Американските медиуми потсетуваат дека вчера прво беше пријавено дека во езерото се пронајдени телата на две од трите деца, кои исчезнаа заедно со нивната мајка претходниот ден.

Властите веруваат дека децата намерно се удавени, пренесуваат американските медиуми.

Ниту една од жртвите и оние по кои се трага се уште не се именувани.

Таткото на децата бил пронајден мртов во приколка во градот Мејплвуд, во близина на Минеаполис, а полицијата утврдила дека заедно со децата исчезнала и нивната мајка.

-Нема ништо потрагично од загубата на мали деца, изјави шерифот на округот Ремзи, Боб Флечер на прес-конференција, додавајќи дека најверојатно станува збор за повеќекратно убиство. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Рецепт за „лепеза“ пита со сирење, ќе исчезне од трпезата за час

Следно

Филип Јаневски го освежува средниот ред на ФК Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian