Дневен хороскоп за 3 јули: Незадоволни сте од развојот на емотивната ситуација

4 mins read

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 3 јули, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Сфаќате дека ви недостасува поддршка, па решени сте сами да се снаоѓате и да си помогнете. Немојте да дозволите тоа да се одрази на вашиот однос со соработниците кои многу очекуваат од тимската работа. Немате потреба да се повлекувате и дистанцирате.

Бик

Се колебате помеѓу две финансиско – професионални понуди. Но, се покажува дека ниту една не е идеално решение кое би ги задоволило вашите очекувања. Нема причина да влијаете на саканото лице, работите сами ќе дојдат на свое место.

Близнаци

Пред вас е исклучително успешен ден на деловно поле. Доколку не ја искористите приликата, не очајувајте, размислете зошто ви се случува тоа. Незадоволни сте од развојот на емотивната ситуација. Мислите дека не добивате доволно внимание од партнерот, грешите.

Рак

Постојат недоразбирања во професионалните преговори, потрудете се да не се нервирате. Можни се сериозни проблеми на работното место. Во средбите со партнерот изгледате напнато, потрудете се да бидете потрпеливи и не оптоварувајте се со непотребни работи.

Лав

Голем дел од припадниците на знакот ќе бидат во состојба многу да зборуваат, а малку да работат. Кога е веќе така, потрудете се да бидете објективни, не преценувајте се себеси. Потрудете се да добиете конкретна одлука. Од вас се очекува да преземете нешто конкретно.

Девица

Доколку ве иритира нечие непрофесионално однесување, потрудете се да ги контролирате своите негативни импулси. Искреноста пред саканото лице влијае за подобро разбирање. Не претерувајте со работните активности во домот, сега е време за малку повеќе релаксација.

Вага

Нема причина да очекувате нешто од оние кои не ги поддржуваат вашите ставови. Го губите драгоценото време и непотребно инсистирате на вистината. Потребна ви е емотивна дискреција, бидете внимателни и избегнувајте авантуристички идеи.

Скорпија

Очигледни се киксеви на емотивен план и тоа поради погрешна проценка. Доколку нешто на материјален план ви создава маки, насочете се кон духовните вредности ако сакате да бидете задоволни. Материјалните вредности не секогаш го прават човекот среќен.

Стрелец

Се трудите да се докажете во работата. Само инертните припадници на знакот, кои ништо не преземаат водат обичен живот. Рационалноста е изразена, а тоа е добро. Потрудете се да се насочите кон сопствените потреби и да престанете да се грижите за другите.

Јарец

Не можете да ги промените општите услови и расположение кое владее во професионалните кругови. Постојано нешто ве нервира, затоа најдобро е да се посветите на емотивната врска во која може да најдете мир. Обрнете ѝ повеќе внимание на саканата личност.

Водолија

Ненадејна професионална непријатност или расправија со некој близок може да ве исфрлат од контрола. Бидете промислени и не правете проблеми. Партнерот не сака дополнително да ве оптоварува со своите проблеми. Внимавајте на алергиите.

Риби

Договор со едно лице укажува на можно недоразбирање и потенцијален неуспех. Ви недостасуваат сериозни луѓе покрај вас. Изгледате премногу резервирано и недоверливо, а партнерот нема намера да ве разуверува во вашите емотивни сомнежи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Забрчанец: Европа ни нуди да почнеме преговори и внатре во ЕУ, на македонски јазик да го кажеме својот став

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претпладне многу топло, попладне нестабилно со пороен дожд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian