Сопственичката си ја скршила ногата и се движела со патерици: Нејзиното куче почнало да имитира

1 min read

Сопственичката на кучето Поло доживеала несреќа и си ја скршила ногата, а кога нејзиниот миленик ја видел како се шета низ куќата со патерици, направил нешто преслатко.

Стеф објави видео на „ТикТок“ на кое може да се види Поло како ја следи својата сопственичка и ја имитира. Ја подига едната шепа во воздух и се преправа дека куца.

„Татко ми беше првиот што забележа дека Поло куца. Ја проверивме неговата шепа и сфативме дека се е во ред“, изјави таа за „The Dodo“.

 

@stephmnr #perrostiktokers #parati #perritos #funnyvideo ♬ Funny Song – Cavendish Music

Се чини дека Поло одлучил да престане да ја користи левата нога додека неговата сопственичка не закрепне – што таа го сфатила како знак на солидарност и сочувство за нејзината моментална состојба.

„Тој куца само кога ме следи“, објасни таа. „На овој начин ми покажува дека ме сака исто толку силно како што јас го сакам него“, заклучила таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шпанија ни направи услуга, ракометарите ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри

Следно

Алчевски го продолжи договорот со Академија Пандев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian