Шпанија ни направи услуга, ракометарите ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри

1 min read

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра во полуфиналето на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир, и тоа благодарение на селекцијата на Шпанија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчера со 31:22 ја совладаа Турција во својот последен натпревар во групата Б и денеска со нетрпение го очекуваа дуелот меѓу Шпанија и Алжир.

На Македонија единствен резултат од денешниот натпревар и одговораше победа на Шпанија и „фуријата“ не не разочара, славеше со убедливи 31:19 и не остави на второто место на табелата.

Шпанците доминираа во текот на целиот натпревар и победата не им беше загрозена во ниту еден момент, а на крајот славеа со убедливи 12 гола разлка.

Македонија и Алжир имаат ист број бодови, но поради подобра гол разлика, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе играат во полуфиналето против Египет кој беше најдобар во групата А.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шолц ги повика Германците да се држат заедно во соочувањето со економските проблеми

Следно

Сопственичката си ја скршила ногата и се движела со патерици: Нејзиното куче почнало да имитира

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian