Шолц ги повика Германците да се држат заедно во соочувањето со економските проблеми

1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги повика граѓаните заеднички да се соочат со економските проблеми кои ја тресат земјата, особено инфлацијата, и затоа најави дека ќе се одржи експертски состанок на кој ќе се обиде да даде одговор на тоа прашање.

-Мора да се фатиме за раце и да се држиме заедно, рече Шолц во видео подкаст.

Германскиот канцелар кажа и дека растот на цените е голем проблем што вознемирува многу граѓани, и тоа со право.

-Затоа мораме да дејствуваме заедно, рече Шолц.

Тој ги покани синдикатите, работодавачите, Бундесбанка и академиците, евоцирајќи ги напорите од 1960-тите и 1970-тите, да се разговара за тоа што треба да се направи.

Кампањата, наречена Усогласена акција, почнува во понеделник во канцеларијата на канцеларот.

Другите можни инструменти го вклучуваат предлогот на министерот за труд, Хубертус Хејл, кој сака еднаш годишно финансиски да им се помогне на самците кои месечно заработуваат помалку од 4.000 евра бруто приход и брачните двојки кои заедно заработуваат помалку од 8.000 евра.

-Само повисоките плати и социјалните бенефиции можат одржливо да ја компензираат штетата на луѓето со средни и ниски приходи, рече Марсел Фрацшер, претседател на Германскиот институт за економски истражувања (DIW), за ДПА.

Еднократните плаќања, од друга страна, додаде тој, за многумина не се од корист. (MИА)

kurir.mk

Претходно

Лукаревска: Продолжуваме по најтешкиот пат, но со признат македонски јазик и идентитет

Следно

Шпанија ни направи услуга, ракометарите ќе играат во полуфиналето на Медитеранските игри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian