Алчевски го продолжи договорот со Академија Пандев

1 min read

Членот на младинската репрезентација на Македонија, Марко Алчевски и во наредните четири години ќе го брани голот на Академија Пандев.

Договорот на Алчевски истекуваше на крајот од годинава, но младиот голман одлучи да остане во редовите на Академија Пандев.

– Иднината на Академија Пандев се младите играчи, а Алчевски како капитен на У-21 репрезентацијата на Македонија ќе биде еден од темелите на клубот во наредните сезони. Во следниот период клубот ќе продолжи со промовирање и ангажирање на најталентираните играчи во државата и давање шанса за докажување во сениорскиот фудбал  – соопшти Академија Пандев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сопственичката си ја скршила ногата и се движела со патерици: Нејзиното куче почнало да имитира

Следно

Прва средба меѓу Ковачевски и Мицкоски утре во 15 часот, тема – францускиот предлог

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian