Влада: Пристигна францускиот предлог

1 min read

До Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови, соопшти Владата.

Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.

Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани.

Сакаме да упатиме благодарност до Претседателот Макрон и француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот, соопштија од Владата.

НАЈНОВА ВЕСТ: Макрон тврди дека е најдено решение меѓу Скопје и Софија

Дали францускиот предлог за кревање на ветото од утре ќе стане и чешки?

Париз заврши со претседателството, МНР се брани со молчење

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Наум Петрески стана дедо, се породи ќерката Анастасија

Следно

Обилните дождови предизвикаа поплави и несреќи во Чешка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian