Стојановска: Џафери ме третира како да сум забавувачка биртија

2 mins read

Ако го споредиме раководењето на претседателот на Собранието Талат Џафери со чаша со пиво, чашата беше секогаш преполна, рече пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница за интерпелација на Џафери.

Таа го обвини спикерот дека влегувал од грешка во грешка при раководењето со седниците.

-Се изживува врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како да се наоѓа на излет во планина. Ми рече, види ја бе. Потоа почна да ме кани на говорница да му читам небаре е во некоја биртија, а јас сум му некоја забавувачка која треба да ја награди ако му ги исплолнувам желбите.  Ама ако, нека ви служи на чест на сите и на мнозинството кои јавно го поддржаа скандалозното однесување на претседателот. Нема да дозволам мојата јавна критка да биде оквалификувана како албанофобија, во таков случај слободно може да се каже дека Џафери е женомрзец – рече Стојановска.

Таа го праша Џафери што се случи со тендерот за новогодишни пакетчиња, кои ги поделиле, па им ги зеле, рече дека во сред корона, Собранието го оставил без сапун и тоалетна хартија. Дека незаконски носел годишни планови за вработување за да направи партизација на службата.

-Еден вети бројчаник на Триумфална капија, а тој не проработи. Имаме тука еден кој има бројачник за долго говорење. Видовме како заврши првиот, така ќе заврши и Џафери – рече Стојаноска.

Џафери одговори дека нема да падне на нејзино ниво.

-Ако вие се чувствувате дека сте во кабаре, играјте како што сакате. Кој е фобичен немам идеја, јас сум 20 години тука. Финансиите се јавни, не сум сокрил ниедна информација. Џафери комотно спие. Ако некој е навикнат на тендери тоа не е прашање кое мене ме задира. Ако сакате да ве почастам како колешка кажете кога, нека дојде и Халил Снопче оти се жалеше дека нема храна во Собранието – рече Џафери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Машин Ган Кели си скрши чаша од глава па крвав продолжи да пее

Следно

Папата ја обвини Русија за агресија и империјализам во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian