Швеѓанецот продолжува да испишува историја, нов светски рекорд на Дуплантис

1 min read

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на митингот од Дијамантската лига што вечерва се одржа во Стокхолм.

Дуплантис прескокна 6,16 метри и за еден сантиметар го подобри претходниот светски рекорд што го постави во Рим 2020 година.

Швеѓанецот годинава собори уште еден светски рекорд и тоа во сала. Тој на Европското првенство што се одржа во март во Белград, прескокна 6,20 метри и постави светски рекорд во сала.

Дуплантис е главен фаворит за златниот медал на Светското првенство на отворено, кое од 15 до 24 јули ќе се одржи во Јуџин, САД.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Радев го повика Петков да го свика Министерскиот совет за скандалот со Русија

Следно

Интерпелацијата не успеа, Џафери за затвори седницата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian