Радев го повика Петков да го свика Министерскиот совет за скандалот со Русија

1 min read

Бугарскиот претседателот Румен Радев го повика премиерот во оставка Кирил Петков да свика состанок на Министерскиот советот за да се проценат последиците од ескалацијата на кризата во билатералните односи со Русија и да се донесе одлука во согласност со сите законски процедури.

„Оваа одлука мора да биде во согласност со предизвиците со кои се соочува националната безбедност и долгорочните интереси на Бугарија и илјадниците бугарски граѓани кои живеат во Руската Федерација. Недозволиво е да се остават без дипломатско претставништво. Недозволиво е одлуките поврзани со безбедноста на Бугарија да не ги земаат предвид ризиците од ескалација и економските последици од нив“, категоричен беше шефот на бугарската државата во објава на Фејсбук.

Според него, одговорноста за одлуката е целосно на владата во оставка, која ги извршува своите функции во согласност со законите на Република Бугарија и заклетвата дадена пред Народното собрание за преземање на државата до вистински трансфер на власта.

Петков на удар, чија е одлуката за протерување на руските дипломати од Бугарија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нема нов француски предлог, тврди Генчовска

Следно

Швеѓанецот продолжува да испишува историја, нов светски рекорд на Дуплантис

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian