Лара Трпческа и Ирина Давидовска ќе нè претставуваат на детската Евровизија 2022

1 min read

Лара Трпческа и Ирина Давидовска се дуото кои оваа година ќе ја претставуваат Македонија на детската Евровизија која ќе се одржи во Ереван, Ерменија.

Македонска радио телевизија синоќа ја објави веста дека по претходно одржана ауудиција, Комисијата го избрала овој дует.

„Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија ги избра Лара Трпческа и Ирина Давидовска за претставници на Република Македонија на Јуниорски Евросонг 2022 година по предлог на Комисијата, а по претходно одржана Аудиција. Дуетот Лара Трпческа и Ирина Давидовска, поддржани од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставуваат Република Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2022 година што ќе се одржи на 11 декември 2022 година во Ереван, Ерменија“, стои во официјалното соопштение.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еклстоун би примил куршум за Путин, Формула 1 се огради

Следно

Европската унија постигна договор за правилата за следење на крипто трансферите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian