Историја: За репрезентацијата на САД заигра фудбалерка со хендикеп

1 min read

Американката Карсон Пикет стана првата фудбалерка со вроден хендикеп што заиграла на официјален репрезентативен натпревар. Пикет ги одигра сите 90 минути за репрезентацијата на САД чиј селектор е Македонецот Влатко Адоновски, во дуелот против Колумбија.

– Чувството да се биде различен е нешто низ кое минувам цел живот. Овој месец е навистина посебен, важен и треба да се слави – изјави Пикет по натпреварот.

Големи заслуги за настапот на Пикет има Андоновски кој ја вклучи Пикет во првиот тим на САД кој со 2:0 славеше над Колумбија.

– Карсон тренираше добро во изминатите денови и среќен сум што одигра добри 90 минути – изјави Андоновски.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Папата ја обвини Русија за агресија и империјализам во Украина

Следно

Наум Петрески стана дедо, се породи ќерката Анастасија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian