Свршеникот на актерката Меган Фокс, раперот Машин Ган Кели, ги згрози обожавателите со своето однесување по концертот како дел од Mainstream Sellout Tour, одржан во Медисон Сквер Гарден.
Имено, на афтержурката во Catch Steakhouse Machine, Машин Ган Кели толку се внесол во својот говор така што во еден момент си скршил чаша шампањ од главата, по што крвав продолжил да пее. Тој ги одбил завоите од персоналот и крвта што му течела по лицето ја избришал со валкана крпа, а сето тоа од првиот ред го гледала актерката Меган Фокс, пишува „Дејли мејл“.

По завршувањето на афтер забавата, Ган Кели го напуштил местото облеан во крв и држејќи ја за рака својата партнерка Меган, која го криела лицето од папараците. Проѕирната розова маица на МГК исто така била извалкана со крв, како и неговиот врат и рацете.
Ден потоа се испоставило дека музичарот таа вечер премногу се забавувал за да ја исчисти раната или да се подготви за спиење, па наутро им се јавил на следбениците во истата облека и ја покажал раната и исушената крв. Тој објавил и видео од својот настап, но набрзо го отстранил. Меѓутоа, видеото се појави на Твитер, а луѓето не престануваат да се згрозуваат од неговото однесување.
NOW WHY WOULD HE DO THIS?!?!?? 🤔👀 Machine Gun Kelly shared aftermath of him breaking glass on his forehead 😳 pic.twitter.com/DVHIaRrOAz
— Power 106 (@Power106LA) June 29, 2022
ГАЛЕРИЈА | Музички награди Билборд 2022: Триумфираше Оливиа Родриго со 7 награди, Канје Вест освои 6
Меган Фокс и Машин Ган Кели си ја пијат крвта за да си ја докажат љубовта