Повремениот македонски репрезентативец Димитар Димитриоски од денеска е нов ракометар на Ваљадолид.
Димитриоски минатата сезона одигра одлично во дресот на Еурофарм Пелистер 2 со што претставуваше еден вид препорака за поранешниот тренер на Вардар, а сега на Ваљадолид, Давид Писонеро да го донесе во Асобал Лигата.
Писонеро му беше тренер на Димитриоски и додека ги водеше „црвено-црните“.
Првите ракометни чекори, Димитриоски ги направи во Металург, по што замина во Вардар, а потоа се сели во Еурофарм Пелистер 2.