Проф. Колозова за францускиот предлог: Европа се договара сама со себе како да преговара со нас

1 min read

Универзитетската професорка Катерина Колозова смета дека немало никаков предлог до нас во однос на кревање на бугарското вето, за ние како држава да го одбиеме.

-Документот се вика Генерална позиција на Европскиот совет. Таму никој не ни предлага, ниту некој нѐ прашува, за да прифаќаме или одбиваме. Тоа е генералната позиција на Европскиот совет. Секој малку писмен со здрав разум, кога не би се работело за ваков КГБ-овски компромат, сеопшта дезинформација и магла, кога не би било зовреано лудило, секој здрав разум би си го прочита документот и ќе разбере дека ова се вика генерална позиција на ЕС. Оваа не ни се обраќа нас, не ни предлага, не бара наша согласност, туку каде они стојат ако преговараат со нас. Европа сама со себе се договара како ќе преговара со нас, рече Колозова во емисијата „Клик плус“, на ТВ21, коментирајќи го т.н. француски предлог.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Познатиот музичар Р. Кели осуден на 30 години затвор за заведување на малолетници и рекет

Следно

Балканско одбојкарско првенство: Кадетите загубија од Молдавија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian