Ламбе Алабаковски гостин на музички хепенинг во Гази Баба

1 min read

Денес со почеток во 19:00 часот на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба организира музучки хепенинг под мотото “Семејството столб на општеството – Децата иднина на светот”.

На музичкиот хепенинг ќе настапи група од детскиот фестивал Поточиња, а за дечињата е подготвено дружење со омилените ликови од цртаните филмови, како и кловнови и други детски аниматори.

Градоначалникот Бобан Стефковски во објава на официјалната страна на фејсбук најави дека естрадниот уметник Ламбе Алабаковски ќе биде гостин на музичкиот хепенинг.

Тој ги покани жителите на општина Гази Баба со своите дечиња да земат учество на хепенингот.

skopjeinfo.mk

Претходно

Пендаровски, Петровска и Османи на Самитот на НАТО во Мадрид

Следно

Дневен хороскоп за 29 јуни: Очекувајте личност од минатото

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian