Кражба од приватен имот во Катланово, уапсени се три лица

1 min read

На 28.06.2022 околу 12.00 часот во скопското село Катланово, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Ф.А.(20), А.И.(31), двајцата од с.Огњанци, скопско и В.О.(38) од Скопје.

Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „кражба“ од имот сопственост на М.Р. и кај нив се пронајдени одземените предмети од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Рекордна стапка на инфлација во Белгија во јуни

Следно

Почина познатата водителка на Би-би-си, која го прекина лекувањето на ракот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian