ВИДЕО | Фидановски: Македонија треба да ги реши споровите па да почне преговори со ЕУ, тоа е национален интерес

3 mins read

Како изгледа македонската позиција во однос на евроинтеграциите гледано однадвор, во трински брифинг разговаравме со Кристијан Фидановски, докторанд по демографски науки.

-Македонија мораше да голтне големи кнедли во спорот со Грција, па ова со Бугарија дојде премногу. Голем број набљудувачи гледам дека се на наша страна. Но, одбивањето на францускиот предлог од наша страна и по неговото усвојувањ во богарскиот парламент не изгледа добро надвор. Сепак, добро е што оставивме простор да се преговара за содрината, вели Фидановски.

Фидановски вели дека повторно сме заплеткани со деталите околу јазикот и историјата, а всушност не знаеме што вели францускиот предлог за тоа, но знаеме што е она што го изгласа бугарскиот парламент, а со тоа што од ЕУ се бара гаранција е вклучување на трета страна што за нас е плус.

-Во асиметричен спор, кога едната страна има поголема моќ, добро е да има трета страна, нам тоа ни одговара и ние само можеме да добиеме. Ако ги погледнеме условите изгласани во Бугарија и нашето одбивање, одбивањето може и да е разумно со оглед што недостасува оној дел кој би велел дека нема да има наметнување на други услови од бугарска страна. Од тој аспект имаме право да реагираме, иако никогаш нема да имаме гаранција оти Бугарија секогаш може да стави вето без посебно да ообразложува, вели Фидановски.

Тој вели дека е разбирлива реакцијата на јавноста бидејќи мултилатерализацијата ја предложи Франција која претходно стави вето на нашите евроинтеграции, па прашање е колку можеме да бидеме оптимисти дека Франција ќе се заложи, но дека не можеме да бидеме ни песимисти.

-За мене има смисла да се внесе условот да нема дополнителни барања. Но, за да може да се гарантира нешто треба да има нешто конкретно. Во она што е усвоено во бугарскиот парламент се споменува Договорот за пријателство, но тој не е конкретизиран. Нам ни одговара конкретизација на условите, вели Фидановски.

Според него, нам ни одговара поголем дел од спорот да решиме пред отпочнување на преговорите оти не можеме да постасаме да го усогласиме нашето законодавство со европското додека преговараме за билатерален спор. Со Преспанскиот договор работите стојат поинаку, затоа што со него се финализира разрешувањето на меѓусебните отворени прашања.

-Јавното мислење во многу држави во Европа не е наклонето кон понатамоно проширување што не е нужно поврзано со Македонија, па во иднина можеме да се соочиме со друга блокада. Оттука треба да бидеме трпеливи да видиме како ќе се одвиваат работите во Унијата, а ние да не одложуваме да ги решаваме крупните прашања оти станува збор за национални интереси а не за тоа кој ќе освои повеќе поени кај гласачкото тело, заклучува Фидановски.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Милијардер се ожени со 26 години помлада готвачка, им пееше Лејди Гага

Следно

Нов бран на коронавирус во Европа, новите соеви ја избегнуваат имунолошката заштита

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian