Василевски се врати во Тинекс Пролет

1 min read

Екипата на Тинекс Пролет дополнително за следната сезона го засили играчкиот кадар потпишувајќи договор со Александар Василевски, искусниот лев бек, кој по една година пауза се враќа назад во тимот.

Василевски претходно неколку сезони со успех настапуваше за Пролет,а  минатото лето се пресели во новиот суперлигаш Скопје, за сега да се врати назад во Тинекс Пролет.

Со ангажманот на Василевски скопскиот тим дополнително ја засилува бековската линија, а во блиска иднина се очекува да биде решено и голманското прашање во екипата.

Пролет претходно го доведе и македонскиот репрезентативец Томи Јагуриновски, а потпиша и нови договори со дел од клучните ракометари од последните неколку сезони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Реконструирани дел од пешачката и велопатека на улица „16 Македонска бригада“

Следно

ФОТО | Георгина Родригез го маѓепса светот со својот природен изглед: Стомак, целулит и стрии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian