ОН: Над 300 илјади цивили убиени во Сирија за време на десетгодишниот конфликт

1 min read

Организацијата на Обединетите нации денеска соопшти дека во текот на десетте години од конфликтот во Сирија биле убиени повеќе од 300.000 цивили. Според извештајот на Канцеларијата на ОН за човекови права, од 1 март 2011 до 31 март 2021 година во Сирија се убиени 306.887 цивили. Се проценува дека во истиот период биле убиени десетици илјади војници и членови на вооружени групи.

Во бројот на убиените цивили не се вклучени оние кои биле погребани без знаење на властите.

– Тоа се луѓе убиени во директни воени операции. Во бројката не се вклучени многу, многу повеќе цивили кои загинале поради губење на пристапот до здравствена заштита, храна, чиста вода и други основни човекови права, истакна високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башле.

Во извештајот се наведува дека поединечно се документирани 143.350 цивили, додека статистички се проценува дека уште 163.537 цивили биле убиени во војната во Сирија.

kurir.mk

Претходно

„Слободен печат“: Пратениците никако да стават точка на секојдневниот неред

Следно

Ослободен грчкиот полицаец кој пред 14 години уби тинејџер во Атина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian