Ѓоковиќ: Сакам да дојдам до 100 победи на Вимблдон

3 mins read

Новак Ѓоковиќ испиша нови страници во историјата на тенисот, бидејќи стана првиот играч што остварил по најмалку 80 победи на секој гренд слем турнир, Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен.

Интересно е што Ѓоковиќ највеќе победи има на омилениот турнир на неговиот голем ривал Рафаел Надал, Ролан Гарос (85 триумфи), на Австралија Опен има 82 победи, на УС Опен 81 и на Вимблдон 80 победи досега. Односот на освоените пехари е различен, Мелбурн има девет, во Лондон шест, во Њујорк три и во Париз два.

Победата која го внесе во историските книги ја оствари над Сунву Квон во четири сета и тоа со 6:3,3:6,6:3,6:4.

– Овој спорт ми даде сè. Го сакам тенисот со целото мое срце и играм со голема страст. Повеќе не сум дете, но љубовта и искрата и понатаму горат во мене за овој спорт. Во оваа фаза од кариерата се обидувам да го играм најдобриот тенис. Што да кажам, дојдов до бројката од 80 победии сега одиме на стотка – изјави Ѓоковиќ по триумфот во првото коло на Вимблдон.

Српскиот тенисер покрај победата и рекордот, беше задоволен и од навивачите на Централниот терен на „Олд Ингланд клубот“ кои му ја дадоа потребната поддршка.

– Многу пати сум кажал, овој терен е специјален за мене. Сонував да играм на Центреалниот терен и да победувам, сите мои соништа се реализираа тука.

Ѓоковиќ исто така зборуваше и за можната долга пауза од настапи на гренд слем турнирите од 11 месеци. Имено, според важечките правила за влез во САД и за подолг прест во земјата потребно е лицето да биде вакцинирано против коронавирус. Ѓоковиќ пред неколку месеци јавно призна дека е против вакцинацијата и доколку Вашингтон не ја промени одлуката, тој нема да може да настапи на УС Опен кој треба да се игра од 29 август до 11 септември.

Ѓоковиќ исто така би требало да го пропушти и Австралија Опен што треба да се игра идната година бидејќи во јануари беше протеран од земјата и доби трогодишна забрана за влез. Поради тоа, српскиот тенисер по Вимблдон би можел да заигра на следен турнир дури на Ролан Гарос идната година.

– Свесен сум за ситуацијата и тоа повеќе ме мотивиа да извлечам максимум на Вимблдон. Но, не размислувам толку далеку, ќе видиме каква ќе биди ситуацијата по Вимблдон. Нема многу време до УС Опен, ќе видиме далу ќе се променат работите и ќе можам да се натпреварувам. Би сакал да настапам во Њујорк, но фокусиран сум на тоа што се случува тука на Вимблдон – изјави Ѓоковиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сериозна криза во Турција, инфлацијата е над 70 отсто

Следно

ФОТО | Милијардер се ожени со 26 години помлада готвачка, им пееше Лејди Гага

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian