И Надал со слични проблеми како Ѓоковиќ, тренирал со позитивен на коронавирус

1 min read

Вториот носител на Вимблдон се соочува со слични проблеми како и Новак Ѓоковиќ и постои можност предвреме да го заврши настапот на Вимблдон поради коронавирус.

Шпанецот не е позитивен на ковид-19, но пред стартот на Вимблдон имал заеднички тренинг со Матео Беретини кој денеска се повлече од гренд слем турнирот бидејќи имал позитивен тест на коронавирус.

Имено, Надал на 23 јуни имал заеднички тренинг со Матео Беретини. На истиот ден Ѓоковиќ тренирал со исто така позитивниот Марин Чилиќ.

И Надал исто како и Ѓоковиќ мора да направи тест на коронавирус и доколку евентуално тестот биде позитивен, ќе мора да го прекине настапот на Вимблдон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец се претставил како адвокат и измамил жена за 28.000 денари

Следно

Летни одмори: Подготовка на децата и корисни совети за патување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian